Повеќе од 15.000 украински војници во Крим преминуваат во руската армија

Повеќе од 15 илјади украински војници во Крим најавија дека сакаат да ја продолжат службата придружувајќи им се на руските единици, објави Владата на Крим, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Повеќе од 15 илјади украински војници на полуостровот најавија дека сакаат да ја продолжат службата во руската армија и во единици на руската полиција, изјави извор од кримската Влада.

Претходно беше соопштено дека е издигнато руското знаме на сите воени единици во Крим. Исто така во руски раце се „паднати“ сите борбени бродови на Украина на полуостровот.