Повеќе од 2 милијарди евра директни странски инвестиции во Македонија

Според последниот извештај на Светската банка, Македонија е рангирана на високото 30-то место меѓу 189 држави во светот.
Македонија и оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од 16 земји членки на ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на 15.Кумановски конгерс на партијата рече дека сите споредби ги прави со најразвиените европски земји, а не со СДСМ, бидејќи резултатите се сосема различни што практично не е возмошна споредба.

-Странските директни инвестиции кумулативно за периодот 2007–2015 јануари изнесуваат 2.217 милијарди евра и се за 1.450 милијарди евра, или за 4,5 пати повеќе во однос на кумулативниот прилив на странски директни инвестиции во 10-годишниот период на владите на СДСМ, потенцираше Груевски.

Заради добрата бизнис клима, ниските трошоци, но и активната потрага по инвеститори на владата голем број на странски инвеститори ја одбраа Македонија како дестинација за реализација на своите инвестиции.

Досега се реализирани многу крупни инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони и надвор од нив, а дополнително, голем број странски инвеститори кои објавија планови за инвестирање во изминатиот период ги започнаа активностите за нивна реализација. Како резултат на ова многу домашни фирми станаа добавувачи и партнери на странските.