Повеќе од 20 повредени полицајци во Куманово

Бројот на повредени полицајци при вооружената престрелка помеѓу припадниците на МВР и групата терористи во Куманово се зголемува. Неофицијално, повредени се повеќе од 20 полицајци. Најголем дел од нив се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, но има и дел во градските болници „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“.

Како што објави ТВ „Сител“, се шпекулира дека има и загинати, но оваа информација не е потврдена. Полицијата за помалку од еден час најави детали за акцијата која се’ уште е во тек.

Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека акцијата се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група. Безбедносните силе се’ уште рабтат на расчистување на теренот.
Цел на нападот биле МВР и други државни институции.
Според неофицијални информации, терористичката група брои од 70 до 80 лица.