Повеќе од 20 загинати во судирот меѓу војниците и телохранителите во Конго

Најмалку 22 лица загинаа во Бразавил, во престолнината Конго во вооружен судир кој изби кога војниците дојдоа да го уапсат полковникот осуден на пет години затвор, поради смртоносна експлозија во складиште со муниција.Судирите избиле меѓу испратените војници и телохранителите на полковникот Марес Тсуру, поранешен советник во владата на Конго за безбедносни прашања, пренесува агенцијата АФП.

Шефот на полицијата во Бразавил изјави дека полковникот се предал и дека е во притвор во војската.Вооружениот судир во тој, инаку мирен град предизвика паника меѓу населениото.

Полковникот Тсуру е осуден како одговорен за експлозија во складиштето со муниција на 4 март 2012 година кога речиси 300 луѓе загинаа, 2300 беа ранети, а 17 илјади останаа без покрив на главата.