Повеќе од 276 000 илегални имигранти влегле во ЕУ

Повеќе од 276.000 илегални имигранти влегле во Европската унија во 2014 година. Тое е 138 проценти повеќе во споредба со 2013 година, изјави еврокомесарот за имиграција Димитрис Аврамопулос, пренесе МИА.

Тој наведе дека 207.000 илегални имигранти во ЕУ влегле од Средоземно Море.

– Од септември повеќе од 12 пловни објекти со илегални имигранти пристигнаа во Европа. Тоа покажува дека трговците со луѓе изнаоѓаат нови патишта и нови методи. Тоа се случува кога конфликтите во соседството создаваат постојан притисок од бегалци во Европа и тоа ќе продолжи ако ЕУ не преземе решителни и соодветни акции, посочи Аврамопулос.

Еврокомеарот посочи дека ЕУ треба да ја интензивира борбата против трговијата со луѓе, како и да ги зајакне механизмите и размената на информации за дејствувањето на трговците со луѓе и да ја подобри ефикасноста на законските инструменти.

– Ние одржаваме тесни врски со турските власти, за брзо да ја адаптираме стратегијата бедејќи Турција стана еден од алтернативните патишта на трговците со луѓе. Покрај тоа земјите-членки на ЕУ заеднички треба да изработат програма за сместување на бегалците, наведе Аврамопулос.