Повеќе од 30 часа нема струја во кичевскиот регион

Кичевскиот регион повеќе од 30 часа е без електрична енергија. По 20 часа центарот на градот доби електрична енергија, но за околните населени места се’ уште не се знае кога ќе добијат струја.

Според ЕВН, поради невремето и обилните снежни врнежи што вчера го зафати кичевскиот регион има многу дефекти на кои се работи, но не се знае кога ќе се отстранат.

Поради електричната енергија овој регион остана и без вода за пиење бидејќи пумпите за отпумпување на вода не работат, затоа резервоарите за вода за пиење се испразнети.

Патните правци од утринава се проодни. Проблем е брзото топење на снегот што претставува опасност надојдените реки да се прелијат.