Повеќе од 4 тони марихуана запленети во Аргентина

Повеќе од 4 тони марихуана се запленети во Аргентина на брод кој пловел под парагвајско знаме, изјави аргентинскиот секретар за безбедност Сергио Берни.

Контејнерскиот брод кој испловил од Пуерто Феникс, близу Асунциона, застанат е во Рио Парани, 175 километри нас Буенос Аирес. Капетанот, екипажот и девет Парагвајци се уапсени.

Парагвај е најголем произведувач на марихуана во Јужна Америка и земја од која дрогата се крумчари во Бразил и Аргентина.