Повеќе од 50 куќи срушени од поплавите во Бугарија

Најмалку едно лице е загинато, а повеќе од 500 се евакуирани во поплавите кои беа предизвикани од слините врнежи на дожд на северот на Бугарија.

Спасувачките тимови, опремени со чамци и хеликоптери ги евакурале најзагрозите од поплавите во градот Мизиј, соопштуваат бугарските власти.

Никола Николов, претставник на Министерството за внатрешни работи, рече дека засега еден човек е пронајден мртов во својата поплавена куќа.

Повеќе од 50 куќо се срушени од налетот на вода од локалнарта река, додека пак стотина се поплавени.

Како што јавува Ројтерс, во Бугарија поплавен е уште еден град кој се наоѓа во истиот регион во близина на реката Дунав.