Повеќе од 50 повредени во судар на траект во Хонг Конг

Повеќе од 50 лица се повредени во Хонг Конг кога денеска траект удри во ѕид недалеку од крајбрежјето на Макао.

„На траектот се наоѓаа 22о патници и 13 членови на екипажот, 57 патници и се здобија со полеснi повреди,“ изјави портпаролот на траектниот превоз Шун Так.

Првично беше соопштено дека 20 лица се повредени, но подоцна тој број се зголеми на 57, пренесе агенцијата АФП. Траектот се движел на релација Хонг Конг-Макао каде што возењето трае еден час.

Ова е трет инцидент на траект на таа релација во последните осум месеци.