Повеќе од 500 имигранти со чамци се обидоа да влезат во Шпанија

Повеќе од 500 имигранти од Северна Африка, се обидоа минатите два дена со чамци да влезат во Шпанија преку Гибралтарскиот залив, но биле пресретнати од шпанската спасувачка служба.

Во 23 чамци, имало 232 имигранти,  а во понеделникот биле пресретнати 299 имигранти во 29 чамци.

Над стотина имигранти од Северна Африка често се обидуваат да дојдат до Шпанија по копнен или морски пат со цел да стигнат во Европа во потрага по подобар живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.