Повеќе од 55% од мажите се женат поради пари

Повеќе од половина мажи се подготвени да се оженат поради пари дури и ако идната невеста е стара, грда и здодевна, пишуваат британските медиуми врз основа на резултатите од нивната анкета која ја спровеле на барање на едно британско осигурително друштво.

Истражувањето покажало дека дури 55 отсто од мажите би се ожениле поради пари, без оглед на квалитетите на партнерката.

Студијата открива и дека жените стануваат се повнимателни при стапувањето во брак – 29 осто бараат потпишување на предбрачен договор.

Мажите денеска се женат повеќе со главата отколку со срцето. Дојде до голем пресврт во улогите и очекувањата. Мажите се фокусираат на барање богата партнерка која може да им пружи финансиска сигурност, стои во образложението.