Свет

Повеќе од 60 лица од ЕУ се водат за исчезнати во Непал

Повеќе од 60 лица од ЕУ се водат за исчезнати во Непал

Околу 60 лица од Европа се уште се водат за исчезнати по катастрофалниот земјотрес кој го погоди Непал.

Со тоа, Брисел ја демантираше првичната информација дека илјада граѓани од земјите на Eвропската унија се водат за исчезнати и од нив нема никаква трага.

Според центарот за вонредни состојби во Непал, бројот на загинати се искачил на 7.250, а 14 илјади се повредени.

Спасувачките операции се уште траат, а само во последниве три дена се спасени 350 луѓе, од кои половина се туристи и туристички водичи.