Повеќе од 700 курдски борци убиени од јуни досега

Над 700 борци од Ирачки Курдистан биле убиени од 9 јуни, кога беше почетокот на масивната офанзива на групата Исламска држава (ИД) врз Ирак, соопшти денеска владата на автономниот регион, цитирана од француските медиуми.

За шест месеца загинале 727 и биле ранети уште 3.564 борци на курдските сили пешмерги, пишува во владиното коминике. Податоците вклучуваат офицери, подофицери, припадници на разузнавањето, полицијата и ветерани пешмерга.

Како исчезнати се уште се водат 34 припадници на курдските сили.

Курдските сили играат многу важна улога во контраофанзивата против ИД.