Повеќе од една третина од Романци сакаат засекогаш да ја напуштат земјата

Повеќе од една третина од жителите на Романија, околу 35 отсто сакаат засекогаш да ја напуштат земјата. Овие податоци се содржани во истражувањето објавено од агенција „Даедалус“.

Најмногу од оние кои сакаат да емигрираат се на возраст меѓу 25 и 34 години. Во оваа возрасна група процентот на потенцијалните емигранти изнесува 47,9 отсто. Меѓу омилените дестинации се Германија, Велика Британија, САД, Италија и Франција.

Главните причини за ваквата желба на голем број Романци се невработеноста и сиромаштијата.