Повеќе од илјада кандидати пријавени на Битолскиот Универзитет

Заврши запишувањето студенти во прва година на прв циклус студии на УКЛО во првиот уписен рок. Како што не информираа од ректорската управа бројот на пријавени кандидати според обработените податоци до 12 часот изнесувал 1200. Според првичните резултати, најголем интерес кандидатите покажале за Факултетот за безбедност, Факултетот за туризам и угостителство и Правниот факултет.

За оваа академска година, УКЛО покрај на постојните, врши уписи и на новиот Факултет за информатички и комуникациски техноголии за кој што интерес во првиот уписен рок покажале 170 кандидати.

На Факултетот за безбедност студиската програма криминалистика е меѓу најатрактивните за што сведочи интерсот на пријавените кој што изнесува 85,56 проценти.

Во прва година додипломски студии во академската 2014/2015 година, на универзитетот „Св. Климент Охридски“ може да се запишат 3665 студенти. Од нив 2155 се во во државната квота, 970 во квотата со кофинансирање и за вонредно студирање 540 места.

Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии.
Вториот уписен рок ќе се одржи на 1 и 2 сепетмври, а третиот на 15 септември 2014 година. И во престојните два уписни рока, од ректорската управа очекуваат реализацијатa на уписната кампања да тече без проблеми.