Повеќе од половината Германци добиваат „Божикна плата“

Педесет и четири отсто од вработените Германци редовно добиваат Божиќна плата, во различен износ, најчесто во месец ноември, покажала спроведената анкета на синдикалниот архив ВСИ од Дизелдорф.

Според анектата, сега како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија.

На запад од државата 57 отсто вработени имаа „Божикна плата“, а на исток – 40 отсто.

Кога станува збор за претстојните божиќни празници, различни истражувања покажуваат дека Германците оваа година за божикни подароци ќе потрошат во просек по 266 евра.