Повеќе села и општини утре без струја

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре, во периодот од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе бидат селата Горно и Долно Коњари, Дивље, Сушица, Живиње и Чифлик, како и корисниците од Алма компани во општина Петровец.

В недела без електрична енергија, во време од 09:30 до 13:00 часот ќе бидат потрошувачите од ТЦ „Треска“.

Од РЦУК информираат дека во понеделник, во време од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе биде дел од Идризово во општина Гази Баба. Во време од 08:30 до 14:30 часот жителите на улиците Петар Манџуков, Бетовенова, Натаниел Кучевишки и Александар Бујнов, во општина Бутел, а во периодот од 09:00 до 13:00 часот потрошувачите од ул. „Тодор Чангов“ во општина Аеродром.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.