Повеќе села утре без струја

Дел од корисниците од селата Дворце, Орашје, Бојане, Чашка, Веле Поле, Кучково, Грачани, Копаница, Долно и Горно Свиларе, Кондово, Рашче и Радуша, утре од девет до 16 часот ќе бидат без електрична енергија, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.

Исто така, од 9 до 9.45 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.