Повеќе скопски села утре без струја

Поради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе бидат неколку села во околината на Скопје.

Од 9 до 14 часот без струја ќе останат корисниците на  дел од селата Раштак, Љуботен и Љубанци во општина Бутел.
Од 9.30 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Арачиново и дел од село Волово во Општина Ѓорче Петров, а од 9 до 15 часот корисниците на дел од село Грчец во Општина Сарај, исто така ќе бидат без струја.

Во среда без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел од село Грчец во Општина Сарај.