Повеќе скопски улици денеска без вода

Поради промена на шибер затварач на водоводна мрежа профил ф-125 милиметри на улица 512 во Керамидница, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. 512, 514, 515, 516, 520 и Топлана Исток од 09:40 часот  па се до промена на истиот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-100 милиметри на улица Трифун Бузев бр.1, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица и ОУ Петар Поп Арсов од 09:45 часот па се до санирање на дефектот.