Македонија

Пoвеќе скопски улици денеска без вода

Пoвеќе скопски улици денеска без вода

Поради изведување на водоводен приклучок со профил  ф-100мм на ул.„Букурешка“ 79, прекинато водоснабдување денес ќе имаат корисниците од истата улица, од 10:00 часот  до завршување на дефектот.

Поради промена на затварач со профил  ф-100мм на ул. „16-та Македонска Бригада“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на висока зона од  ул.„Ташко Караџа“, „Трифун Хаџијанев“ и „Христо Ботев“ од 10:45 часот  до завршување на дефектот.