Повеќе скопски улици денеска ќе останат без вода за пиење

Жителите на неколку скопски улици денеска ќе останат без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие Водовод.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-150 милиметри на раскрсница на улиците Скоевска и Радишанска, денеска  од девет часот па се’ до промена на шибер затварачот без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улицата Скоевска.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-100 милиметри на улица Xo Ши Мин број 229 б, од девет часот па се’ до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од истоимената улица.

Поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-100 милиметри на раскрсница на улиците Огњан Прица и Невена Георгиева Дуња, од 10,30 часот па се’ до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улицата Огњан Прица.