Повеќе скопски улици утре без струја

Без електрична енергија утре во периодот од 12:00 до 15:30 часот ќе бидат потрошувалите од ул. Исаија Маџоски бр. 31, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе останат и улиците Серава, Панче Неделковски и Коста Абрашевиќ. А во истиот период од денот без електрична енергија ќе бидат и потрошувачите од патот за селото Ајватовце кон селото Бунарџик.