Повеќе сонце, но и малку дожд за овој викенд

За претстојниот викенд ќе биде облачно, но со повеќе сончеви периоди, најавуваат метеоролозите.

Услови за слаб дожд ќе има во западните и северните делови од земјава, а на планините истите ќе бидат од снег.

Значително намалување на температурите се очекува за почетокот на следната недела, додека од средината на неделата ќе преовладува сончево време.

Според најавите, утре најстудено ќе биде во Маврово со максимални четири степени, додека најтопло ќе биде во Гевгелија и Демир Капија со дневна температура до 15-от степен.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимални 13 степени.