Повеќе ученици во основно образование, помалку во средно

На почетокот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 192.165 што претставува зголемување за 0,6  проценти во однос на претходната учебна година, објави денеска Државниот завод за статистика, пренесува МИА.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2014/2015 година, изнесувал 83.522 што е намалување за 3,4 проценти  споредено со претходната учебна година.