Досега 42.054 повици на „Ало докторе“

Вкупно 42.054 повици за медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“од септември минатата година па досега.

За една недела, од 6. до 12. јули на 02/15 123 има регистрирано 1.005 повици.

Како што информира денеска Министерството за здравство, јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, покачен крвен притисок и симптомна болка.

Со затоплување на временските услови, како што се наведува, многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.

Телефонската линија е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

– На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерство за здравство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.