Повици „Губи се“ вo текот на посетата не Меркел на Дрезден

Илјадници антиемигрантски демонстранти ја повикуваа во четвртокот германската канцеларка Ангела Меркел да си поднесе оставка, во текот на нејзината посета на партискиот огранок на нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) во сојузната земја Саксонија на истокот од Германија.

Против доселеничкото и антиисламско граѓанското движење Pegidа (Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот), покренато кон почетокот на 2015 година, организирапе потести против германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината одлука од 2015 година за прифаќање на повеќе од милиони имигранти од муслиманските земји, Тој потег, заедно со зголемената стапка на криманилетет, предизвика на зголемување на антидоселеничките чувства во земјата и придонесе за силен раст на релативно новата евроскептична партија Алтернатива за Германија (AfD) која по само неколку години од формирањето стана третата политичка сила во земјата и првпат влезе во парламентот како најголема опозициска партија.

Демонстрантите во источногерманскиот град Дрезден во четвртокот извикуваа „Меркел мора да замине“ и „Губи се“, откако канцеларката пристигна во градот. Во нивна близина, исто така, се наоѓаа и контрадемонстрантите од крајната левица, но засега не се пријавени судири или други инциденти, соопшти за медиумите портпаролот на полицијата кој одби да зборува за бројот на демонстрантите.

Меркел во повеќе наврати ја бранеше својата одлука за прифаќање на повеќето од милион имигранти, претставувајќи го тоа како хуманитарна потреба. Меѓитоа, откако се соочи со спротиставување во редовите на нејзината Христијанско-демократска унија (CDU), а сестринската баварска Христијанско социјална унија (CSU) дури се закани со напуштање на Унијата, Меркел вети дека ќе го спречи повторувањето на криминалните ситуации и дека ќе се бори против главните причини за имиграцискиот бран во Европската унија, иако досега не се донесени никакви конкретни мерки.

Саксонија, чиј главен град е Дрезден, а најголем е Лајпциг, ќе гласа за новиот состав на покраинскиот парламент во септември 2019 година, а анкетите предвидуваат дека таму AfD може да стане втората партија според застапеноста, веднаш зад CDU.