Вкупно 40.591 повик на линијата „Ало докторе“

Десетици илјади граѓани се јавиле и побарале медицински совет на телефонската линија 02/15 123. Вкупно 40.591 повик на линијата „ Ало докторе“.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Достапни за стручен совет се дваесет и двајца лекари, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми најчесто предизвикани од променливите временски услови.