Повик за невработени лица кои сакаат да помогнат на стари лица

Повик за невработени лица кои сакаат да помогнат на стари лица

Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ неодамна објави јавен повик за млади/невработени лица кои сакаат да помогнат на старите лица за нивно активно користење на слободното време, во рамки на проектот: „Ние сме со Вас“,  кој што е финансиски поддржан од Град Скопје.

Цел на проектот е поттикнување на меѓугенерациската солидарност и волонтеризмот кај помладите за грижа кон постарите лица.

За таа цел, здружението „Доблест“ ја креира и првата електронска дата- база на невработени млади лица во Република Македонија кои имаат желба, интерес и волја за работа со стари лица, особено за оние кои сакаат да придонесат за нивна зголемена социјализација.

Пријавените лица на распишаниот повик, ќе имаат можност за посета на домовите за стари лица и давање свој активен придонес во реализација на понатамошните активности на нашето здружение.

Заинтересираните лица потребно е да го пополнат формуларот кој се наоѓа на веб-страницата www.doblest.mk, или на следниов линк:

Визија на здружението „Доблест“ е создавање хумано општество со заемна помош, поддршка и почит на различните возрасни групи, со цел достоинствена старост на старите лица.