Повик за оставка на демократскиот пратеник за сексуално вознемирување

Шефицата на опозицијата во американскиот Претставнички дом, Ненеси Пелеси, побара во четвртокот оставка од најстариот пратеник од нејзината Демократска партија, претставникот на Детроит, 88-годишниот Џон Конјерс обвинет за сексуално вознемирување, кој е хоспитализиран поради стрес.

Џон Џејмс Конјерс, иконата на борбата за правата на црнците во САД, кој во Претставничкиот дом во 1965 година, е обвинет од неколку поранешни соработнички за сексуални вознемирувања.

„Обвинувањата против Конјер се сериозни, разочарувачки и многу веродстојни. Храбрите жени коишто проговориле заслужуваат правда. Се молам за Конјерс и неговото семејство, но пратеникот Конјерс треба да поднесе оставка“, побара Ненси Пелеси.

Конјерс е хоспитализиран во областа на Детроит, изјави претходно во четвртокот неговиот пријател Сем Ридли за новинарите.

Обвинетиот пратеник ги негира овие обвинувања, но призна дека во 2015 година исплатил малку повеќе од 27.000 долари на една поранешна парламентарната соработничка која го обвини дека ја отпуштил бидејќи го одбила.