Повик за учество на манифестацијата Aрхитектура на Град Скопје

Повик за учество на манифестацијата „Архитектура на Град Скопје“
Повик за учество на манифестацијата „Архитектура на Град Скопје“

Градот Скопје во соработка со Музејот на Град Скопје објави Повик за учество во традиционалната манифестација „Архитектура на град Скопје” – АСК 2015 по повод празникот на градот Скопје 13 Ноември.

Право на учество имаат сите архитекти, граѓани на Република Македонија со реализирани архитектонски трудови во текот на 2014-2015 година на подрачјето на Градот Скопје.

Трудовите треба да се во една од следните категории:

–           реализиран архитектонски објект

–           архитектонско – урбанистички проект

–           градителско наследство

–           внатрешно уредување и дизајн

–           други форми на архитектонско творештво

Пријавата за учество треба да содржи:

–           Графички приказ на трудот на минимум 1 лист со формат А4, со фотографии и текст по слободен избор на авторите

–           Е- маил адреса и телефон за контакт со авторите

Пријавите се поднесуваат до 07 септември 2015 година, во просториите на Град Скопје, барака 12 (телефон 02 3297 331).

Жири-комисија формирана од Град Скопје ќе додели главна награда која ја сочинуваат плакета, скулптура и паричен износ. Ќе бидат доделени и признанија во форма на  плакети за посебен придонес во архитектурата.