Повик за учество на Бела ноќ 2014

На 04 октомври ќе се одржи традиционалната културна манифестација – Бела Ноќ 2014. Младинскиот културен центар и Градот Скопје, распишаа Повик за учество на уметници што на есен ќе бидат дел од ова еднодневно културно раздвижување на Скопје.

Годинава на „Бела Ноќ“ ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео арт, стрип, кибернетичка уметност), Применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации), музика, филм и јавна уметност и урбани точки.

Селекцијата на уметниците ќе биде направена од организаторите. Уметниците ќе бидат избрани според приложените дела. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела.

Притоа дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Со цел да земат учество на повикот, уметниците треба да ги поднесат следниве документи:

-биографија со личните податоци за уметникот или групата
-фотографии/ ДВД/ ЦД/ скици и цртежи
-промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти…
-пополнета и потпишана апликација ( можете да ја симнете на www.belanok.mk)

Апликациските форми заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 1 јули 2014 година, на следниве адреси:

Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2014), Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија или по пат на електронска пошта на contact@belanok.mk