Повик за закуп на државно земјиште во Џумајлија

Повик за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Џумајлија, со површина од 4.435 хектари утре ќе објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Целта е заинтересираните компании да достават писмо за интерес за инвестирање во земјоделскиот сектор.

Компаниите треба да достават бизнис план со износ на вкупните инвестиции, опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата и планираниот број вработени по години.

– За да се идентификуваат заинтересирани страни, ги покануваме потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување на интерес. Писмото треба да биде доставено до Министерството за земјоделство, во електронска форма, до 22 април годинава, соопштуваат од МЗШВ.

Писмото за изразување интерес треба да содржи профил на компанијата (вклучувајќи сопственичка структура, преглед на финансиски извештаи за последните три години, и краток опис на бизнис планот).