петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 76

Повик за закуп на земјоделско земјиште во Џумајлија

jumajlijazemj

Последни вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави повик за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Џумајлија, со површина од 4.435 хектари.

Целта е заинтересираните компании да достават писмо за интерес за инвестирање во земјоделскиот сектор, пренесува МИА.

Компаниите треба да достават бизнис план со износ на вкупните инвестиции, опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата и планираниот број вработени по години.

– За да се идентификуваат заинтересирани страни, ги покануваме потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување на интерес. Писмото треба да биде доставено до Министерството за земјоделство, во електронска форма, до 22 април годинава, стои во соопштението од МЗШВ.

Писмото за изразување интерес треба да содржи профил на компанијата вклучувајќи сопственичка структура, преглед на финансиски извештаи за последните три години и краток опис на бизнис планот.

Најчитани вести