вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 56

Повикот на Сали Бериша за вооружување на граѓаните не е кривично дело, оценка на албанското Обвинителство

berisa

Последни вести

Јавното обвинителство во Албанија соопшти дека нема да презема дејства против поранешниот премиер на земјата Сали Бериша поради неговиот повик до граѓаните да се вооружат.

Против Бериша беше поднесена пријава од владејачката Социјалистичка партија, откако ја обвини владата за врски со криминални групи и ги повика Албанците да се вооружат за да можат да се бранат.

Поседувањето оружје е нелегално во Албанија и Бериша побара да се подготви нов закон за да можат граѓаните да поседуваат оружје.

Јавното обвинителство посочи денеска дека зборовите на Бериша претставувале „политички поглед”, за кој не треба да носи кривична одговорност.

Најчитани вести