Повисока социјалната помош и постојана парична помош

Откако ја мина потребната собраниска процедура, на денешната 24-та седница на Собранието на Република македонија, пратениците ги изгласаа измените од Законот за социјална заштите со кои се зголемува социјалната и постојаната парична помош за 5 отсто.

Со овие предлог измени се зголемува висината на социјалната и постојана парична помош за 5 отсто на околу 35.000 корисници на социјална парична помош и на околу 5.800 корисници на постојана парична помош.

Изгласаните измени од Законот за социјална заштите треба да стартуваат од месец јули 2015 година.

Со овие измени и дополнувања се очекува дека  ќе се подобри социјалната сигурност на корисниците на социјална и постојана парична помош.

За спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на живот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за јакнење на неговиот капацитет за сопствена заштита, досега беа воведени низа мерки.

Дел од тие новитети се трајното ослободување од плаќање на радиодифузна такса, бесплатно изготвување на елаборати на дивоградбите во кои живеат, отписот на долговите кои ги имаат граѓаните од социјално ранливите категории, надоместоци за учениците од социјално ранливи семејства, кои ќе се запишат и редовно ќе посетуваат настава во средно образование, посета од медицински лица кои вршат здравствена нега во домашни услови на лица од ранливите категории и уште многу други мерки кои веќе се донесени и функционираат.