Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Во јануари 2017, во споредба со декември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 5,7 отсто, во секторот Преработувачка
индустрија се непроменети, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 отсто.

Во јануари 2017, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,4 отсто на месечно ниво, а за 7,9 отсто на годишно ниво.

Во јануари 2017, во споредба со декември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 проценти.

Во јануари 2017, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 23,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 6,2 проценти.