Македонија

Повисоки пензии од септември

Повисоки пензии од септември
Повисоки пензии од септември

Премиерот Никола Груевски денес е во работна посета на охридскиот регион. Одговарајќи на новинарско прашање тој потенцира дека септемвриските пензии ќе бидат зголемени за пет проценти.

Тој посочи дека зголемувањето е програмирано во Буџетот. Се уште нема одлука за начинот на зголемување, но најверојатно, според него, ќе има линеарно зголемување што ќе значи 600 до 630 денари повисока пензија.

Речиси секоја година вршиме зголемување на пензии. Досега пензиите се зголемени за над 67 проценти, изјави Груевски.

Нема скршнувања од ветувањата дадени прд народот

 

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод Илинден порача дека Владата ќе продолжи со исполнување на дадените ветувања, ќе продолжи да ги надминува предизвиците и со макотрпна работа ќе се спроведуваат низа проекти.

Ние имаме дадено ветувања пред Вас. Нема скршнување и од нашите ветувања дадени пред народот. Тоа е, и тоа мора да остане фокусот. Се друго е споредно. По некоја грешка имало и ќе има. Но, покажавме дека имаме доблест да признаеме грешка и да ја корегираме. Да го следиме пулсот на нашиот народ. Денес ние ја имаме одговорноста да работиме за нашиот народ и ние таа одговорност ќе ја оправдаме. Економскиот раст, зајакнување на стандардот на граѓаните, изградбата на нови капитални дела, реформите во секоја област за унапредување на секој стандард, интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО се следниот Илинден кој го сонуваме, за кој работиме, кој го очекуваме и кој ќе го оствариме. Затоа што ние знаеме дека тоа го заслужуваме и дека сме кадарни тоа да го оствариме. Оваа, нашата генерација, истакна Груевски.

Обичниот човек сака да слушне дали му се нудат решенија

Главната разлика помеѓу Никола Груевски и останатите политичари е што тој знае да го слушне гласот на народот, истото да го преточи со својот тим во програма и проекти и ветувања кое го дал пред народот дека истите со прецизни рокови ќе бидат реализирани, да го исполни! Сведоци сме дека граѓаните денес се политички образовани и свесни и јасно ги искажуваат своите барања и очекувања од нивните избрани политички репрезенти. Па така денес не можете да сретнете човек кој е загрижен околу изборот на специјалниот обвинител, но ќе сретнете многу кој се загрижени што некој член од нивната фамилија не е вработен. Исто така народот го интересира дали сегашната просечна плата од 20-тина илјади денари за неколку години ќе биде 25-30 илјади денари. Секако дека не му е право што повторно ќе треба да биде бележен или да му се земаат отисоци од прсти на гласање, но многу повеќе го интересира дали здравствената институција во која се лекува е со модерни услови, современа опрема и позитивен персонал, дали децата се во нови и обновени градинки и училишта. Едноставно одамна веќе Македонецот не го интересира дневна политика или чисто само како забава за ФБ, обичниот човек сака да слушне дали му се нудат решенија за подобрувања на неговиот личен стандарт, како и квалитетот на неговото живеење, изјави за Курир Александар Пандов.