Повлопулос повторно ја обвини Македонија за иредентизам

Атина јасно стави до знаење дека се додека соседната земја инсистира на употреба на име што е провокативно фалсификување на историјата и зрачи иредентизам, нема да има европска перспектива.

Ова го изјавил грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на свечена вечера во Лисабон, која во негова чест ја приредил португалскиот претседател Марсело Ребелу де Соза.

Во својот говор, Павлопулос се осврнал и на кипарското прашање, економската криза, и кризата со мигрантите.