Поволен станбен кредит без манипулативни и нотарски трошоци за купување нов стан од „Адора“

Градежната компанија „Адора Инженеринг“ и „НЛБ Тутунска банка“ во текот на февруари нудат можност за купување нов квалитетен стан без плаќање на трошоците за одобрување на банкарскиот кредит и без нотарски трошоци.

Оваа единствена февруарска промотивна понуда е наменета за сите корисници на станбени кредити кои сакаат да купат станбен простор во елитните економични станбени објекти на „Адора Инженеринг“, кои примаат плата во „НЛБ Тутунска банка“.

Станбениот кредит е со екстра поволни услови од само 2,5 отсто, фиксна годишна каматна стапка за првите три години. Ова е ретка можност граѓаните под најповолни услови да станат сопственици на енергетски ефикасен дом во објактите на „Адора Инженеринг“ изграден со докажана врвна асеизмичка стабилност, кој долгорочно на станарите ќе им овозможи ниска потрошувачка на енергија и пари за греење, кои ќе се шест пари помали од порано.