среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 22

Поволностите за инвестирање во македонската медицина представени во Мериленд

Македонскиот амбасадор во САД Васко Наумовски учествуваше во презентирањето на потенцијалот за инвестирање во Македонија на 9-иот саем на медицината во американската сојузна држава Мериленд. На саемот учествуваа стотици американски компании од областа на фармацијата, менаџмент со клиники, осигурителни компании и компании за здравствен туризам.

133351085

Поврзани вести

– На овој конгрес ги претставивме можностите за инвестирање во областа на здравството и здравствениот туризам во Република Македонија. Настанот го искористивме за средби со претставници на повеќе клиники, осигурителни компании и туроператори коишто работат во областа на медицинскиот туризам. На наше задоволство сето она што го претставивме беше позитивно прифатено од нашите соговорници и веруваме дека многу од нив сериозно ќе ја разгледаат Република Македонија како дестинација за едно од нивните идни инвестиции, изјави амбасадорот Наумовски за Македонската Телевизија.
Покрај американските компании, на саемот биле присутни и претставници на фирми од Европа, Африка и Јужна Америка.

Најчитани вести