„Повратник“ и Леонардо ДиКаприо ги освоија БАФТА наградите за најдобар филм и најдобар актер

„Повратник“ ја освои наградата БАФТА на британската Академија за филмска и телевизиска уметност за најдобар филм, а Леонардо Ди Каприо го освои признанието за најдобар актер.

Алехандро Ињариту ја доби наградата за најдобра режија, а Бри Ларсон за најдобра актерка.

Ирската емигрантска сага „Бруклин“ ја доби наградата за најдобар британски филм.