вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

„ Повратник “ со Ди Каприо со 12 номинации за Оскар

povratnik

Поврзани вести

Филмот „ Повратник “, базиран на вистински настан, во која главната улога ја толкува Леонардо ди Каприо освои најмногу номинации, во 12 категории, за овогодишното 88-мо по ред доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија.

Номинациите за Оскарите беа објавени синоќа на свечена церемонија во Лос Анџелес од страна на режисерите Гиљермо дел Торо и Анг Ли, актерот Џон Красински и преседателката на Академијата, Шерил Боун Ајзак.

Оскарите ќе бидат доделени на 28 февруари 2016 година во Долби Театарот во Холивуд, а водител на манифестацијата ќе биде актерот Крис Рок.

Според бројот на номинаци по „Повратник“ следуваат „Побеснетиот Макс: Пат на бесот“ со 10 и „Керол“, „Војна на Ѕвездите: Будење на силата“, „Осумтемина омразени“, „Во мојата глава“ и „Straight Outta Compton“ со по осум.

За најдобар филм се номинирани:

1. „Облог на векот“

2. „Мост на шпионите“

3. „Побеснетиот Макс: Пат на бесот“

4. „Марсовец“

5. „ Повратник

6. „Соба“

7. „Центар на вниманието“

За најдобар женска главна улога се номинирани:

1. Кејт Бланшет за „Керол“

2. Бри Ларсон за „Соба“

3, Џенифер Лоренс за „Џој“

4. Шарлот Ремплинг за „45 години“

5. Саоарс Ронан за „Бруклин“

За најдобар машка главна улога се номинирани:

 

1. Брајан Крансон за „Трамбо“

2. Мет Дејмон за „Марсовец“

3. Леонардо ди Каприо за „Повратник“

4. Мајкл Фасбендер за „Стив Џобс“

5. Еди Редмајн за „Данска девојка“

За најдобар режисер се номинирани:

1. Алехандро Гонзалес Ињариту за „Повратник“

2. Том Маккарти за „Центар на вниманието“

3. Адам Меккеј за „Облог на векот“

4. Џорџ Милер за „Побеснетиот Макс: Пат на бесот“

5. Лени Ебрахајмс за „Соба“

 

За најдобар женска споредна улога се номинирани:

1. Џенифер Џејсон Ли за „Осумтемина омразени“

2. Кејт Винслет за „Стив Џобс“

3. Руни Мара за „Керол“

4. Алиша Викандер за „Данска девојка“

5. Рејчл Мекадамс за „Центар на вниманието“

За најдобар машка споредна улога се номинирани:

1. Кристијан Бејл за „Облог на векот“

2. Марк Рајланс за „Мост на шпиони“

3. Том Харди за „Повратник“

4. Марк Руфио за „Центар на вниманието“

5. Силвестер Сталоне за „Крид“

За најдобар филм од неанглиското говорно подрачје се номинирани:

1. „Синот на Саул“ (Унгарија)

2. „Мустанг“ (Турција)

3. „Војна“ (Данска)

4. „Прегратка на змијата“ (Колумбија)

5, „Тиб“ (Јордан)

Најчитани вести