Спорт

Повредата на Фирмино му создава дополнителни главоболки на Роџерс

Повредата на Фирмино му создава дополнителни главоболки на Роџерс
Фирмино е најновото име на болничката листа во Ливерпул

Покрај страшната играчка криза во која се наоѓа Ливерпул, која во средата можеше да резултира и со Куп-елиминација од четвртолигашот Карлајл, и играчкиот ростер не е најсјаен.

Џордан Хендерсон, Кристијан Бентеке и Дејан Ловрен веќе се “отпишани” за следниот дуел, а најново име на таа листа е Роберто Фирмино.

Фирмино е повреден и веќе го откажа претстојниот настап за бразилската репрезентација. Се уште немаме конкретна информација за каква повреда станува збор, можно е дури да има и скршена коска во пределот на грбот, така што сигурно ќе паузира извесен период, изјави Роџерс.

Дуелот со Астон вила е последна можност за ирскиот стратег да се избори за останување на клупата на “црвените”, по очајните резултати на Ливерпул на стартот од сезонава.