Спорт

Повредата на Игуаин е последна шанса за Пандев

Повредата на Игуаин е последна шанса за Пандев

Денеска ќе се одиграат првите 1/16 финални натпревари од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Голема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на Островот, каде англискиот премиерлигаш Свонси ќе се обиде да забележи позитивен резултат во дуелот против италијанскиот калчолигаш Наполи.

Италијанските медиуми потврдија дека Наполи најверојатно ќе настапи без услугите на аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин кој заработи посериозна повреда на последниот првенствен натпревар против екипата на Сасуоло.

Најверојатно, испразнетото место во нападот ќе биде пополнето од поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, кој во изминатиот период редовно ја грее клупата за резервни фудбалери.

Денеска на програмата: Анжи – Генк, Черноморец – Лион, Днипро – Тотенхем, Динамо К. – Валенсија, Ејсберг – Фиорентина, Либерец – АЗ Алкмар, Јувентус – Трабзонспор, ПАОК – Бенфика, Ајакс – Салцбург, Порто – Ајнтрахт Ф., Макаби – Базел, Лацио – Лудогорец, Марибор – Севилја, Бетис – Рубин К, Виторија П. – Шахтјор, Свонси – Наполи.