Повреден мотоциклист при сообраќајка во Делчево

Околу 23:30 часот во Делчево вчера се случила сообраќајна незгода во која М.А.(21) управувајќи мотоцикл „Хонвеј“ изгубил контрола над истиот и удрил во бетонска ограда.

М.А. се здобил со повреди во пределот на главата, поради што му била укажана лекарска помош во ЈЗУ „Делчево“, од каде бил препратен во Штип, а потоа поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничкиот Центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР – Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.