Повреден моторџија во Кочани

Моторџија бил тешко повреден вчера во Кочани, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 11.40 часот на крстосницата од улиците Димитар Влахов и Бел Камен. Тогаш автомобил „опел инсигнија“ , управуван од Р.Ф. (47) од село Елово се судрил со мотоцикл „сузуки“ управуван од Н.З. (31) од село Тркање.

Во незгодата возачот на мотоциклот добил тешки повреди, кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.