Повреден моторџија во судир со трактор

Возач на мопед бил повреден откако се судрил со трактор, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16.10 часот на крстосница во виничкото село Блатец. Тогаш трактор „Масеј Фергусон“ со штипски регистарски ознаки управуван од С.Н.(61) од село Блатец се судрил со мопед „АПН 6“ управуван од С.Т.(46) од село Липец.

Во незгодата С.Т. добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата во Кочани е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Извршен е увид на местото на настанот.