Повреден полицаец при приведување провалник

Полицијата во скопското село Батинци во петокот вечерта привела провалник, но настанала гужва кога локалното население сакало да се пресмета со крадецот во која подебелиот крај го извлекол полицаец.

Вчера околи 20,10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Е.Р. пријавил дека во селото Батинци, скопско, во куќа на улицаа „1“ имало непознато лице.

Полициски службеници извршиле преглед и во куќата било пронајдено едно непознато лице. Во тој момент пред куќата почнале да се собираат жители на селото, кои сакале да го фатат сторителот.

Полициските службеници го извадиле надвор од куќата и во моментот додека се обидувале да го стават лицето во службеното возило, од задгрб се доближило непознато лице кое сакало да го удри приведениот, но го промашил и со тврд предмет удрил еден од полициските службеници во левата нога.

Полицискиот службеник бил пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.