Македонија,Крими хроника

Повреден со нож во кругот на фирмата Нур Транс

Повреден со нож во кругот на фирмата Нур Транс

На 11.10.2014 година во 19,15 часот во ПО-Групчин, Н.А.(46) пријавил дека во с.Стримница- во кругот на фирмата „НУР Транс“ која е во негова сопственост, дошле со ПМВ“БМВ“ Г.А.(22) и М.А.(42), при што започнале расправија со вработениот во фирмата Ј.С.(36), по што Г.А. со нож во грб го повредил Ј.С..

Повредениот е пренесен во КБ-Тетово, каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување. Во 21,00 часот двајцата напаѓачи се приведени во ПС за расчистување на случајот.